ТРИКОВИ: Како трговците не тераат да трошиме повеќе?
Објавено во: Економија 13 Февруари, 2017
Сајтот „Брајт Сајт“ направи листа на замки кои доведуваат до тоа да трошиме повеќе пари при купување.
За да покажат дека производите им се свежи, продавачите производите ги прскаат со вода.
Со антирекламни слогани се привлекуваат купувачи. Поголемо внимание значи и поголема продажба.
На мени прво се става најскапиот пијалок или јадење, а потоа се редат другите кои се поевтини. Така луѓето го бираат она што е поскапо, верувајќи дека се работи за мала разлика.
Скапотијата е релативна работа. Цените се наместени така што купувачот го избира она што мисли дека е поволно.
Купувачи се привлекуваат и со намалени пакувања. На овој начин одредени брендови имаат стандарден профит без да ја зголемуваат цената.
Кога влегуваат со голема корпа во маркет, луѓето се склони да купат за 40% повеќе производи.
На повеќето полици се редат производи така што на средина се познати брендови, а долу се производи за деца и оние кои се од помалку познати компании.