24 Април, 2024
0.0267

Тројца финансиски консултанти во САД обвинети за прикривање даноци

Објавено во: Свет 20 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Обвинителството во Менхетен обвини тројца швајцарски финансиски консултанти за „заговор со нивни клиенти во САД за прикривање  приходи од даночните власти во износ од 420 милиони долари“, пренесе БТА.Тројцата обвинети: Ото Хјупи, Кристоф Рајст и Штефан Фелман, се поранешни консултанти на приватни клиенти на неименувана швајцарска банка. Ниту еден од нив досега не е апсен. Тројцата живеат во Швајцарија, а Хјупи е американски државјанин. Хјупи, Рајст и Фелман на американските државјани им предлагале да вложат свои средства на тајни сметки во банката, во која работеле со цел да ги сокријат од даночните власти во САД. Фелман работел во банката од 2008 до 2009 година, а Хјупи и Рајст од 2003 до 2009 година. Според даночното законодавство на САД граѓаните во оваа земја се должни да ги декларираат своите сметки, како во земјата, така и во странство, доколку се во износ поголем од 10.000 долари. Според извор од обвинителството, тројцата финансиски консултанти ги уверувале своите клиенти дека информациите за нивните сметки не може да паднат во рацете на даночните власти во САД, бидејќи банката немала канцеларии надвор од Швајцарија и следствено на тоа била заштитена од притисок од американското правосудство. Агенциите посочуваат дека во 2010 година најголемата швајцарска комерцијална банка-„УБС“, која, исто така, беше обвинета за прикривање податоци за американски државјани со сметки во Швајцарија, беше принудена да ги открие имињата на 4.500 лица и да плати казна во износ од 780 милиони долари. Во февруари годинава американските власти почнаа процес и против најстарата швајцарска банка „Вегелин“, под обвинение дека им помогнала на американски граѓани да прикријат доходи ви износ од 1,2 милијарда долари.

Можеби ќе ве интересира

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе