ТРОПСКАТА ОЛУЈА ОФЕЛИЈА ПРЕМИНА ВО УРАГАН: Таа ќе „удри“ во Европа
Објавено во: Свет 12 Октомври, 2017
Тропската олуја Офелија премина во ураган и се движи кон Велика Британија, пренесува Мирор.
Сега е на 1.220 км од Азорските острови, а ветерот се движи со брзина од 120 км на час.
Научниците кажаа дека Офелија ќе зајакне над Атлантикот и тоа во рок од 48 часа.
Но, сепак ќе ослабне пред да стигне во Велика Британија.
Овој викенд ќе има температури за 4 до 6 степени над нормалните, а потоа се очекува заладување.