Добивај вести на Viber
Кипарската централна банка соопшти дека на дневно ниво ќе ги ревидира строгите контроли на капиталот, како и дека ќе се обиде да ги заблажи таму каде што ќе може.
- Секој ден ќе ја мериме и ќе настојуваме да ја намалиме контролата, со цел да го зачуваме и стабилизираме кипарскиот финансиски систем - наведено е во соопштението на банката.
Иако мерките за контрола на капиталот за нас се тешки, ветувањето за подобрено економско опкружување може да се реализира, ако заедно работиме и ја сфатиме неопходноста на овие акции.