25 Април, 2024
0.0266

ЦУК со апел за гаснење на пожарот во манастирот Трескавец

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Според најновите информации пожарот во манастирскиот комплекс од 13 век – „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец избувнал во 14 часот попладнево.

По пријавата за пожарот од монахот од манастирот, според кој, огнената стихија е голема и со неа е зафатен голем дел од објектот, се преземаат мерки за интервенција од противпожарни екипи.

Центарот за управување со кризи во Прилеп веќе упати апел до сите граѓани кои поседуваат теренски возила веднаш да се упатат кон манастирот и да помогнат колку што можат во гаснењето на пожарот.

Поради пожарот кој го зафати манастирскиот комплекс Трескавец Градоначалникот на Општина Прилеп Г-дин Марјан Ристески свика вонредна седница на Советот на Општина Прилеп како и на Економскиот совет. Според најавите на седницата ќе биде разговарано за пожарот кој го зафати манастирскиот комплекс.

Манастирот Трескавец изгоре до темел пред околу три децении, но манастирското богатство темелно беше обновено во автентичен стил со донации од граѓани и од прилепски фирми.

Со финансии во износ од околу 1,5 милион евра преку Министерството за транспорт и врски неодамна почна изградба на пат до манастирот во должина од 7,5 километри.

Манастирот Трескавец, познат како Света Богородица сместен е на десетина километри од Прилеп, на падините под врвот Златоврв. Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата Успение Богородичино. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, како и над Пелагонија.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка