29 Март, 2024
0.0249

ТТК банка со раст на приходите и шест пати поголема добивка во 2012 година

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2013

Добивај вести на Viber

ТТК Банка минатата година остварила нето приходи од камата во износ од 4,4 милиони евра, што е за 13% подобар резултат во однос на 2011 година, покажува финансискиот извештај на банката. Според извештајот објавен на Македонската берза, нето приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 5%, на 1,86 милиони евра. Во исто време банката остварила и нето позитивни курсни разлики во износ од 188 илјади евра. Остварената добивка пред исправка на вредност, која е показател за оперативната способност на банката да ги покрива расходите од работењето, е за 56% повисока во однос на истиот период во 2011 и истата е резултат на побрзиот раст на оперативните приходи од оперативните расходи. Загубите поради лошите  пласмани лани се намалени за 16%, и изнесувале 581 илјади евра. Нето добивката на ТТК Банка за минатата година е околу 670 илјади евра и е речиси шест пати поголема од онаа во 2011 година.  

Можеби ќе ве интересира

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт