Добивај вести на Viber
Претставници од дванаесет гевгелиски компании од областа на туризмот, денеска учествуваат престојуваат во бугарскиот град Гоце Делчев на обука за квалитетот на услугата и грижата за клиентот.
Обуката, како што информираат од општината е организирана како активност на проектот „Вмрежување и трансфер на знаење за одржлив економски туристички развој“ чиј што водечки партнер во рамки на програмата за прекугранична соработка е Фондацијата за локален развој од Гевгелија, а проектен партнер е организацијата „Бизнис инкубатор“ од Гоце Делчев.
Целта на обуката, што е кофинансирана од Европската унија, е да се постигне размена на искуства и да се остварат контакти со претставници од областа на туризмот во градот домаќин на обуката, Гоце Делчев.