ТУРЦИЈА ДОАЃА НА БАЛКАНОТ: Овој регион ни е многу важен, ќе бидеме активни
Објавено во: Балкан 27 Март, 2017
Турција планира активна улога на Западен Балкан, насочена кон соработка и помирување, а не конфликти, вели Керем Алп, заменик на генералниот директор на Дирекцијата на Балканот и Министерството за надворешни работи на Турција.
Вели дека заедно со ЕУ, САД, и Русија, Турција ќе води политика која не е за спротивставување кон членството во ЕУ, и рече дека неговата земја нема скриени намери кон регионот.
„Ќе работиме рака под рака со сите земји. Секогаш кога бил воспоставен мир на Балканот, во тоа соработувале Турција и Русија“ - вели Алп.
Според неговите зборови, пред години Турција покренала Трилатерала, односно соработка меѓу Турција, БиХ и Србија, а целта била отстранување на конфликти кои претходно доведоа до судири.
Алп вели дека во тој период се покажало дека национализмот е многу деструктивен.
Вели дека на оваа Трилатерала лани е додадена и економска димензија, така што се поттикнува извозот на земјите од Западен Балкан во Турција.
Се охрабруваат Србија и БиХ и Србија и Албанија да ги подобрат односите.
За повеќе од 20 години Турската агенција за соработка реализирала над 800 проекти во БиХ.