ТУРЦИЈА ГО СПАСУВА ТУРИЗМОТ: Со реклами и повеќе летови ќе привлекуваат туристи
Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2017
Анкара работи на зголемување на бројот на летовите и поедноставување на визните процедури за странските туристи.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави дека во моментов сите пречки пред странските туристи се отстрануваат.
„За да може туристите од сите страни на светот, а особено оние од Европа да можат полесно да доаѓаат во нашата земја, ние го зголемуваме бројот на летовите, се поедноставија визните процедури и работиме на тоа, за да им обезбедиме можности да пристигнуваат со внатрешни пасоши“ - изјави Чавушоглу за TRT.
Пред неколку дена и министерот за култура, Наби Авчи коментираше за TRT дека Турција е безбедна држава за туристите, а регистрираниот во 2016 година пад на посети е само привремен феномен. Намалувањето на туристите тој го препишува главно на влошените односи меѓу Русија и Турција, што ги натерало руските туристи да бараат друга дестинација.
Во однос на терористичките напади сепак Турција толку е сигурна колку што се Франција, Белгија и Германија, смета Авчи.
Чавушоглу коментира уште дека Турција и одморалиштето Анталија се рекламираат низ целиот свет и додаде дека се прават сите напори за развојот на турскиот туризам и за зголемувањето на приходите за земјата од оваа индустрија.