ТУРЦИЈА КАТЕГОРИЧНА: ЕУ да го исполни ветениот безвизен режим, инаку лошо и се пишува!
Објавено во: Балкан 30 Септември, 2016
Европската унија треба да го исполни ветувањето за безвизно патување на турските граѓани пред крајот на оваа година, предупреди висок турски функционер, пренесува Ројтерс.
Ветувањето е клучен дел од договорот, со што беше ограничен протокот на мигранти од Турција за Европа.
Според истиот извор турската армија може да остане на сириска територија со години, ако тоа биде потребно.
Следната цел на операцијата, која започна пред еден месец со мастеринг на пограничниот град Джараблус, е град Ал Баб во Северна Сирија, кој се уште е под контрола на групата „Исламска држава“.
Турскиот претставник предупреди дека САД ќе провоцираат етнички конфликт, ако ги користат курдските сојузници за ослободување на сирискиот град Рака. Рака е средиштето на џихадистите во Сирија.