Турција ќе нападне со авиони во Мосул кога ќе биде потребно
Објавено во: Свет 18 Октомври, 2016
Турскиот премиер Бинали Јилдерим ја увери јавноста дека воените авиони ќе бидат активирани во воздушните напади врз Мосул во Ирак кога ќе биде потребно, а засега Турција дава целосна поддршка на коалицијата која се бори против Исламска држава.
Во првите денови од офанзивата курдските и ирачките воени сили освоиле дваесетина села од периферијата на градот во многу жестоки борби, но допрва престои вистинската битка за преземање на Мосул кое е главно седиште на ИД во Ирак.