Турција не сака партнерство со ЕУ, туку членство
Објавено во: Балкан 20 Јануари, 2018
Турција ќе го отфрли секој предлог за партнерство со Европската унија, покрај полноправното членство, вели турскиот министер за надворешни работи, Јомер Челик.
Тој предупредува дека сегашниот ќор-сокак во разговорите не и 'даде на Турција никаква причина да го задржи својот договор за мигрантите во блокот. Со овие зборови, Челик одговара на последните коментари на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја спомена можноста за партнерство, а не за полноправно членство во ЕУ.
Развојот на нештата во Турција не дозволија напредок во својот долгорочен притисок да се приклучи на блокот, рече Макрон. „Ние не ги прифаќаме ниедно од овие работи како привилегирано партнерство или сличен пристап, а Турција не може да понуди такво нешто“, посочува Челик.
„Без оглед на тоа што се вика, привилегирано партнерство или соработка против тероризмот, таков предлог нема ниту да биде земен во предвид од страна на Турција“.
ЕУ изрази загриженост во врска со мерките што ги презема Турција против осомничените поддржувачи на обидот за државен удар во 2016 година, кои се применуваат при прогласена вонредна состојба. Околу 50 000 лица беа уапсени а во очекување се процеси против нив и 150 000 луѓе, вклучувајќи наставници, новинари и судии кои беа разрешени или суспендирани од работа. Претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека мерките се неопходни за спротивставување на множеството закани за безбедноста, со кои се соочува Турција.