Турците ќе вратат холандски крави во матичната земја
Објавено во: Балкан 16 Март, 2017
Здружението на производители на месо во Турција одлучи да „протера“ 40 холандски крави, во знак на протест затоа што Владата во Хаг да не им дозволи на турски министри да одржат митинзи во Холандија во пресрет на уставниот референдум во Турција.
Како што објави турскиот весник „Хуриет“, претседателот на Здружението, Булент Тунк изјави дека во знак на протест решиле да вратат во Холандија симболичен број крави.
„Доколку Холанѓаните не ги примат кравите назад, ние ќе ги однесеме во кланица, а потоа ќе го подариме нивното месо“ - додаде Тунк.
Поради спорот меѓу двете земји, Градското собрание на Истанбул вчера донесе одлука да го раскине Протоколот за збратимување со холандскиопт град Ротердам.
Двете земји ги затегнаа односите во последните неколку дена, а имаше и протести на турски граѓани во Холандија. Турската влада соопшти дека му е забрането враќањето на холандскиот амбасадор Кис Корнелис Ван Риј, во Анкара, означувајќи го тоа како една од серијата мерки за казнување на Холандија.Турските власти имаа критики и за Германија поради тоа што не можат да одржуваат собири.