25 Април, 2024
0.0404

Туристите се соочуваат со 10 години затвор во Тајланд за ова...

Објавено во: Стил 17 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Британските патници кои патуваат во Тајланд се предупредени дека ризикуваат 10 години затвор за земање е-цигара во земјата.

Експертите велат дека со оглед на тоа што забраната е воведена во „Земјата на насмевки во 2014 година“ е малку позната, а туристите кои не се свесни можеби ќе се соочат со обвинение, се казнуваат или се испраќаат во затвор, пишува британски Телеграф. 

Повеќе од еден милион британски туристи го посетуваат Тајланд секоја година, според Министерството за надворешни работи, а земјата од Југоисточна Азија е омилена меѓу туристите и студентите заради пристапност и достапност.

Совети за туристите на оваа тема има на веб-страницата на Министерството за надворешни работи. 

Продажбата или снабдувањето на е-цигари и слични помагала исто така е забрането и може да се соочите со тешка парична казна или до пет години затвор ако бидете прогласен за виновен. Неколку британски државјани се уапсени за поседување на е-цигари. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти