Туристите се враќаат во овие две земји
Објавено во: Свет 29 Март, 2017
По извесно време се враќаат туристите во Турција и Египет.
Британскиот туроператор Thomas Cook информира дека пазарот почна да се опоравува по серијата терористички напади и политичките турбуленции минатата година кои ја потиснаа побарувачката, објави Financial Times.
Резервациите за ова лето забележаа 10% раст во однос на минатата година. Туроператорот објави дека гледа рани знаци дека клиентите почнуваат да се враќаат назад кон Турција и Египет.
Аранжманите за одмор во Турција и Египет драстично опаднаа по бомбашкиот напад на авион, кој патувал од одморалиштето Шарм ал-Шеик, и по обидот на турската армија да ја собори владата во земјата.