ТУРИЗМОТ ИМ Е ВО ПЛУС СО НАД 20%: Од овие пет земји имаат најмногу гости
Објавено во: Балкан 04 Мај, 2017
Според податоците на сајтот eVisitor, во првите 4 месеци од оваа година во Хрватска имало 1.7 милиони посети, а се реализирани 4.7 милиони ноќевања.
Во однос на лани раст на посетите има за 22%, а на ноќевањата за 26%.
Бројот на странски туристи е зголемен за 25%, а на домашните за 14%.
Овие резултати покажуваат дека Хрватска станува се попрепознатлива како дестинација која може да се посети во текот на целата година.
Најмногу гости имало од Германија, а потоа следат Словенија, Австрија, Италија и БиХ.
Се очекува до крајот на годината приходите од туризам во Хрватска да бидат над европскиот просек. Засега најдобар месец за туризмот беше април.