ТУРИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА: Повеќе гости и повеќе ноќевања
Објавено во: Економија 12 Јануари, 2017
Расте бројот на туристи и ноќевања во земјава.
Ова се гледа и од податоците за месец ноември лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2016 година изнесува 44 162, а бројот на ноќевањата изнесува 97 980.
Бројот на туристите во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 5.7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.4%.
Бројот на домашните туристи во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 5.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 5.9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 7.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 0.1%.
Во периодот јануари-ноември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.3%, а кај странските е за 4.8%.
Во периодот јануари-ноември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.7% и тоа: кај домашните гости има зголемување за 3.9%, а кај странските е за 1.2%.
Најмногу гости има од Турција, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Албанија, Косово.
Најмалку посетитетли имало од Малта, Исланд, Белорусија, Луксембург, Кипар, Јужна Африка и Нов Зеланд.