Турската полиција почна масовно да апси
Објавено во: Балкан 18 Јуни, 2013
Утринава е уапсен турски уметник Ердем Гундуз кој со часови мирно стоел на плоштадот Таксим во Истанбул, пркосејќи и на турската полиција.
Перформансот на турскиот уметник Ердем Гундуз набрзо бил наречен „стоечки човек“, бидејќи повеќе од пет часа гледал во портретот на Кемал Ататурк, основачот на модерната турска држава . Многумина од оние кои синоќа му се придружиле на Гундуз стоеле со цел да се врати мирот во градот по трите седмици безредија, без определба на чија страна се.
Четириесет и петгодишниот Корук за CNN потврди дека турската полиција ги пикнала во автобус со уште 20 други лица кои му се придружиле на Гундуз, но уметникот не бил со нив.
-Стојам против секое насилство. Стојам за настаните чии сведоци сме и настаните кои се случуваат во последите две до три недели, да можат да престанат, рече Корај Конук, еден од уапсените.
Турската полиција изврши масовни операции во текот на изминатата ноќ и рано утринава во Истанбул и во Анкара, објави новинската агенција ДХА.
Во Истанбул екипи на одделот за борба против тероризмот спроведоа во раните утрински часови операции на однапред одредени адреси. Уапсени се многу лица во рамките на операцијата, за која станува познато дека се води во рамките на истрагата на настаните во паркот Гези на плоштадот Таксим.
Во Анкара во рамките на истрагата на настаните во врска со паркот Гези се извршени полициски операции на 26 различни адреси, наведува ДХА.
Протестите во Турција почнаа на 31 мај поради плановите на градските власти да изградат трговски центар во паркот Гези во Истанбул. Набрзо зелениот протест прерасна во масовни антивладини демонстрации , каде беа повредени повеќе од 5 000 луѓе, а почнаа 5 лица.