Турскиот конзулат во Солун нападнат со молотови коктели
Објавено во: Балкан 23 Април, 2017
Маскирани напаѓачи фрлиле молотови коктели врз турскиот конзулат во Солун, информираат турските медиуми. Молотовите коктели биле фрлени врз полицијата која е ангажирана за обезбедување на конзулатот.
Во нападот нема повредени, а не се познати ниту мотивите за инцидентот. Во тек е исрага за пронаоѓање на напаѓачите и причините.