Добивај вести на Viber
Турска компанија за алкохолни пијалоци сака да го удвои извозот на ракија за Грција, објави грчкиот весник „Елефтеротипија“.
Во Грција продаваме од 20.000 до 30.000 литри „Јени раки“. Таа пред се е за турските туристи кои ги посетуваат грчките острови. Компанијата веќе избрала 70 ресторани на грчките острови, каде би се продавала турската ракија.
Претставник на компнаијата изјави дека сакаат тие објекти сакаат да ги претворат во турски ресторани.
„Узото“ во Грција се продава за една третина од цената на „Јени раки“, а тоа е поради високите данови во Турција. Во последната година специјалниот данок за алкохолните пијалоци изнесува 44 отсто. Цената на „Јени раки“ од 0,7 литри од 37,5 се искачи на 52,5 турски лири (од 16 евра на 23 евра).