Туск следната недела доаѓа во Македонија, со кого ќе се сретне?
Објавено во: Македонија 29 Март, 2017
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, следната недела ќе ја посети Македонија.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел повод за посетата на првиот човек на Евросоветот е мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и политичката состојба во земјава.
Посетата на Туск на Македонија ќе се случи во пресрет на се почестите предупредувања од нов бран бегалци, а како последица на се посилните тензии меѓу ЕУ и Турција и заканите за раскин на договорот за мигрантите. Најавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на приемот на мигранти, претставува голема закана за Европа и пред се за балканските држави, што е причина за аларм во Европската Унија.
Ова ќе биде трета посета за две години на Туск на Република Македонија. Тој ќе се сретне со шефот на државата, Ѓорѓе Иванов.
На последната средба во март 2016 година, Туск и Иванов разговараа за постигнување на заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза.