Туск: Треба да се затвори балканскиот правец за илегалните мигранти
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2016
Учесниците во европскиот самит „Миграцијата во Балканот“ во Виена треба да ја постават основата за забрана на движењето на илегални мигранти по балканскиот пат, изјави претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск при пристигнувањето во австриската престолнина.
Треба да се обезбедат практични и политички услови, па западниот балкански пат засекогаш да биде затворен за илегалните мигранти, истакна Туск.
На средбата во Виена, организиран од федералниот канцелар на Австрија Кристијан Керн, учествуваат премиерите на десетина европски земји, кои во најголема мера се погодени од миграциската криза.
Главни теми на самитот се борбата против нелегалните протоци на бегалци и зајакнувањето на контролата на надворешните граници на Унијата.
Дел од самитот е и премиерот Емил Димитриев.