Тутунарите се надеваат на повисоки цени на стартот на откупот
Објавено во: Агробизнис 17 Ноември, 2016
Стартува откупот на тутонот во нова неизвесна сезона за тутунарите кои се надеваат дека годинава ќе добијат повисоки цени за жолтото злато и дека ќе биде ценет нивниот вложен труд, а и родот оваа година сметаат дека е поквалитетен, па така добар дел од производството ќе се пласира во високите класи.
За тутунопроизводителите во моментов се отворени 63 откупни пунктови, а оваа бројка треба да достигна до 175. Според податоците има над 28 илјади тутунари кои со оваа земјоделска култура ги издржуваат своите семејства.