25 Април, 2024
0.0332

Тутунарите склучуваат договори со откупувачите

Објавено во: Агробизнис 15 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Тутунарите периодов склучуваат договори со откупувачите. 

До крајот на април ќе се знае колку тутунопроизводители ќе склучат договори со монополите за претстојната реколта.

Производителите ги подигнаа евидентните листови во кои ги најавуваат површините за новото производство. До крајниот рок што истече на 31 март се побарани 23.400 евидентни листови или речиси исто како лани.

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), електронското водење на евиденцијата за секоја парцела го намали бројот на двојни и тројни договори што производителите ги склучуваа со повеќе претпријатија, но и ги натера откупувачите да побрзаат со потпишувањето на договорите пред завршувањето на законскиот рок, 10 април.

Тутунарите до крајот на март го пријавуваа новото производство во подрачните едниници на МЗШВ.  Ова се прави пред да потпишат договор со откупувачите.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари