25 Април, 2024
0.0444

Тутунот во Прилеп се откупува - која е цената?

Објавено во: Агробизнис 24 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Прилепскиот комбинат веќе откупи 70 тони тутун. 

Со 4.000 кооперанти договорени се 3.000 тони да се откупат. 

Просечната цена е повеќе од 190 денари, со рок на исплата за седум дена. Тутунот се откупува на сите пунктови. 

„Откупот се одвива во најдобар ред. Прво почнавме на пунктот во градот, а од денеска се отворени и сите останати во регионот. Има голема побарувачка и, за да бидеме конкурентни, иако имаме простор во рок од 30 дена, исплатата ќе ја реализираме за седум дена од преземањето на родот“- вели генералниот директор Александар Дерменџиев.

По воспоставената соработка со Philip Morris, состојбата на компанија се стабилизира, се зголемува обемот на производство, а со завршната сметка лани првпат имаше добивка. Позитивни биле билансите во јуни и во септември. 

Комбинатот моментално има 420 вработени, се очекува реорганизација и ќе се укинуваат досегашните доели „Тутун“ и „Цигари“, а компанијата ќе остане како „Акционерско друштво Тутунски комбинат“. Официјалната реорганизација ќе се изврши по 28-ми ноември, за кога е закажано акционерското собрание.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади