ТВИТЕР СТАТУС: Доналд Трамп верува дека ќе владее два мандата
Објавено во: Свет 22 Ноември, 2016
Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп смета дека администрацијата што ќе ја формира ќе управува со земјата во два претседателски мандати по ред.
„Денес ќе се одржат важни состаноци во „Trump Tower“. Ќе се донесуваат одлуки за избор на луѓето кои ќе раководат со нашата влада во претстојните осум години“, напиша Трамп на својот профил на Twitter.
Great meetings will take place today at Trump Tower concerning the formation of the people who will run our government for the next 8 years.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 22, 2016
Претседателот на САД се избира за период од 4 години со можност да биде реизбран за уште еден мандат.
„Trump Tower“ на Петтата авенија во Њујорк е седиштето и резиденцијата на избраниот претседател Доналд Трамп. Во последните денови претседателот се состана со политичките лидери, бизнисмени и општественици во „Trump National Golf Club“, во градот Ранчо Палос Вердес кој е во близина на Лос Анџелес.
Минатата сабота и недела Трамп пречека таму многу гости, меѓу кои и поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни, пензионираниот маринец генерал Џејмс Матис, поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани, милијардерот Вилбур Рос и многу други.
Според експерти главен фаворит за функцијата државен секретар е токму републиканецот Мит Ромни. Матис изгледа како најверојатен кандидат за функцијата шеф на Министерството за одбрана на САД. Милијардерот Рос, познат по своите успеси во реструктуирањето на компании во криза, според експерти наскоро ќе стане шеф на Министерството за трговија на САД.