18 Април, 2024
0.0242

Творецот на Фејсбук стана татко по втор пат: Со каква порака ја дочека ќерка си?

Објавено во: Стил 29 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Фејсбук творецот Марк Цукерберг изјави дека е родена неговата втора ќерка во август. Среќната вест беше објавена, се разбира, со пост на социјалната мрежа.

Како и при раѓањето на првата ќерка на семејството Максима на крајот на 2015 година, 33-годишниот милијардер и неговата сопруга Присила Чан му напишаа писмо на девојчето со желби да не расте премногу брзо и да се радува на своето детство.


"Детството е волшебен период и се случува само еднаш, па затоа не губи време да се грижиш за иднината", пишуваат родителите на бебето во пораката придружена со слика на насмеаното семејство со двете ќерки.

"Ние ќе се потрудиме да го направиме светот подобар за вас и за децата на вашата генерација", продолжува пораката.

Цукерберг и неговата сопруга ја основаа детската фондација Чан Цукерберг при раѓањето на нивното прво дете. Тие тогаш ветија дека ќе префрлат 99 отсто од нивните акции во фондацијата. Во тоа време, според францускиот печат, нивната состојба изнесувала 45 милијарди долари.

"Со напредокот во науката и технологијата твојата генерација треба да живее многу подобро од нашата и ние ја носиме одговорноста тоа да се случи", продолжува пораката на двојката.

Марк Цукерберг најави дека си зема два месеци породилното татковство - еден месец по раѓањето и уште еден во декември.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре