„Тврдокорни“ велат дека на Македонија и се копа гробот
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2017
Здружението „Тврдокорни“ вечерва одржува протест против двојазичност и албанизација на Македонија. Протестот започна пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а заврши пред Собранието на Република Македонија.
Горан Неделковски од „Тврдокорни“ во својот говор пред ВМРО-ДПМНЕ дека оваа партија сега има последна шанса да ја „спаси“ Македонија. Според Неделковски, ВМРО-ДПМНЕ го загубила епитетот ВМРО и не го заслужува тоа име.
„На Македонија ѝ се копа гробот, овие се гробарите на Македонија“ - порачаа од протестот.
Учесниците на протестот велат дека на Македонија ѝ се одзема животот и дека со години се работи на нејзино уништување.
Порачуваат дека со идентитетот не смеат да си играат политичарите и велат дека на народот му треба народна Влада.