„Тврдокорните“ повикуваат на протест против воведување двојазичност и албанизација
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2017
Причината за маршот како што стои во нивниот повик е против воведување двојазичност и албанизација на Македонија.
Во соопштението до медиумите, „Тврдокорните“ ја објавија агендата која ќе оди според овој редослед:
Потоа од пред зградата на ДПМНЕ маршот ќе се движи до пред Собрание за да им кажеме на „пратениците“ кои ќе кренат рака за воведување двојазичност.
'СЕКОЈ ШТО ЌЕ КРЕНЕ РАКА ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ ОДНОСНО ДВОНАЦИОНАЛНОСТ ОД СЕГА НАТАМУ ОД НАС И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЌЕ ДОБИЕ ПОСЕБЕН РЕЖИМ И ПОСЕБЕН ТРЕТМАН'.
Ги повикуваме сите свесни Македонци, вистински родољуби, сплотени, без разлика на партиска припадност да се приклучат на протестот бидејќи МАКЕДОНИЈА Е ВО ПРАШАЊЕ.
Домашното незадоволство никој не го смета за валидно. Само оној кој што јавно искажал негодување си го исчистил образот и може да каже:
'ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ И ЈАС НЕ СЕ СОГЛАСИВ СО ПРЕДАВСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА!!!“ , стои во соопштението до медиумите.