Уапсени девет лица на протести во Бугарија
Објавено во: Балкан 19 Јуни, 2013
Упасени се девет лица, на синоќешните протести кои петти ден по ред се одржуваат пред зградата на Владата во Софиј.
Од бугарската полиција кажале дека станува збор за лица кои поседувале ладно оружје.
На протестите синоќа се собрале околу 7000 лица во Софија а протести имало и во Пловдив и во Варна.
Повод за овие протести беше изборот на контроверзниот бизнисмен и пратеник од редовите на партијата на бугарските Турци, Движењето за права и слободи (ДПС), Делјан Пеевски за директор на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС).
Пеевски се повлече од функцијата уште наредниот ден но протестите со барање за оставка на Владата и за одржување нови избори продолжуваат.
Новата бугарска Влада почна со работа пред помалку од еден месец.