Уапсени директори на Адидас за голема кошаркарска измама
Објавено во: Економија 02 Октомври, 2017
Мерл Код и Џим Гато, директори на Адидас за маркетинг и продажба, може да добијат до 80 години затвор за повеќе кривични дела како измама, перење пари, корупција и нелегален пренос на пари. Тие се уапсени во САД по голема федерална истрага поврзана со колеџ кошарката.
Наводно, директорите на Адидас, на младите кошаркарски ѕвезди им давале стипендии да се запишат на престижните колеџи кои се натпреваруваат во американската национална лига, а потоа ако успеат да потпишат договор со некој клуб од НБА да возвратат со тоа што ќе ја носат спортската опрема на Адидас.
Двајцата се оженети, имаат деца и досега чиста репутација, но се претпоставува дека се дел од добро организирана група која доста тајно работела досега. Доколку Код и Гато како директори на Адидас сведочат може да се открие цела криминална група составена од тренери, кошаркари, спонзори
Истрагата на ФБИ и јавното обвинителство на САД ќе продолжи за германскиот производител на спортска опрема како и кај други субјекти. Од Адидас велат дека и самите ќе спроведат интерна истрага и се додека нема официјален епилог од властите не може да го коментираат случајот.