Убаво место за живеење и работа - иселувањето е мало
Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2017
Крапинско - загорската жупанија во Хрватска е место од каде најмалку се иселуваат луѓе во однос на другите делови на земјата.
Лани 272 лица одјавиле престој. 11479 лица се иселиле од Загреб, а од далматинскиот регион живеалиште одјавиле 4642. лица.
Иако се зборуваше дека од Загроје заминуваат илјадници луѓе, сепак тоа не е вистина.
Од 2014 година наваму невработеноста во овој регион опаѓа.
Според последните податоци, без работа се 4.453 луѓе.
Во 2013 година, невработеноста во земјата била 19,3%, а во Крапинско - загорската жупанија изнесувала 20,5%.
2576 жители се нововработени во период од 2014 до 2016 година.