Убиецот од Флорида во притвор без право на кауција
Објавено во: Свет 16 Февруари, 2018
Убиецот Николас Круз(19), го призна убиството на 17 луѓе и доби притвор без право на кауција. Грозоморниот чин остави траги на многу семејства и целосно на безбедноста на училиштата ширум Америка.
Судот соошти дека тој признал дека пристигнал во училиштето, почнал да пука во учениците, го фрлил оружјето и потоа избегал.
Неговата адвокатка изјавила дека нејзиниот клиент е скршен, свесен за тоа што сторил и се кае. Исто така таа не поднела жалба на судската одлука.
Според американските медиуми, Круз бил член на екстремистичката расистичка организација „Репулика Флорида“.