Убиен уште еден Косовар на боиштата во Сирија
Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2018
Според последните информации уште еден косовски државјанин е убиен на боиштата во Сирија. Тој се борел на страната на терористичката група Исламска држава (ИД) која иако ги загуби речиси сите позиции и натаму пружа помал отпор пред налетот на сириската војска поддржана од Русија.
Загинатиот К.А. од селото Пестово кај Витина, е последната жртва од Косово во војната во Сирија. Тој живеел во Германија од каде и им се приклучил на џихадистите на ИД во Сирија, пишува електронското издание на приштинскиот весник „Екпрес“.
Со убиството на К.А., бројот на загнати Косовци во конфликтите во Сирија и Ирак се искачи на 75.
Податоците на полицијата потврдуваат дека во конфликтните подрачја се наоѓаат 195 косовски државјани, од кои 95 деца и 40 жени.