УБИСТВО ИЛИ САМОУБИСТВО: Сириец најден мртов во Грција
Објавено во: Балкан 27 Март, 2017
Во пристаништето Пиреја во Грција денеска е пронајдено тело на еден 25-годишен Сириец.
Сириецот бил обесен на киоск во близина на терминал за патнички ферибот, јави дописникот на МИА од Атина.
Пристанишните власти ја запечатиле областа и во тек е истрага за инцидентот.
Засега нема други детали за мигрантот, како се нашол во Пиреја, ниту пак дали се работи за самоубиство.