19 Април, 2024
0.0352

Учениците на „Нова“ ја оживеаја „Војна на ѕвездите“ во Скопје

Објавено во: Мои пари 14 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Епската битка помеѓу доброто и злото прикажана низ сцени од култниот филмски серијал „Војна на ѕвездите“ (Star wars) во понеделникот се одигра на сцената на Македонска опера и балет во Скопје. Улогите на Лук Скајвокер, Дарт Вејдер, Јода, Чубака и останатите познати ликови, ги толкуваа основците од меѓународнотоучилиште „Нова“. Во полната сала, малите актери се мечуваа со „лајтсејбери“, игра на познати композиции меѓу кои и песни од популарниот филм и направија македонска верзија на „Војна на ѕвездите“ проткаена со многу танц и музика.

Станува збор за традиционална зимска претстава на „Нова“. Минатата година беше поставена книгата „Шеќерна приказна“ на познатиот македонски писател Славко Јаневски, а оваа година одлуката падна на една од најпознатите стории раскажани на филмското платно.

- „Војна на ѕвездите“ уште одамна го надмина мејнстримот и прерасна во движење со кое сметаме дека секој треба да се запознае. Се работи за прекрасно раскажана приказна која поставува многу прашања. Сакавме да се обидеме со нешто поинакво, со филмкој го имаат погледнато повеќетолуѓе, а притоа да му го дадеме нашиот печат и мислам дека успеавме во тоа – велат од училиштето„Нова“.

Покрај професорите кои ги водеа основците низ целиот процес, на сцена се качија околу 350 основци кои одлично ги одиграа познатите ликови од „Војна на ѕвездите“.

- Интересно е дека претставата се игра само два дена пред премиерата на новиот дел на филмскиот серијал. Искрено не беше планирано со оглед дека концептот за овие наши проекти почнува да се развива многу одамна и темата беше дефинирана уште пред да се потврди кога светската јавност ќе го погледне Rogue One: A Star Wars Story – велат од „Нова“.

Ученицитена „Нова“ досега имаат поставено голем број на познати филмови, цртани и класични дела како „Брилијантин“, Frozen и „Ромео и Јулија“.


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година