29 Март, 2024
0.0312

Учениците од ОУ Коле Неделковски од 1ви септември во нови училници

Објавено во: Мои пари 19 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Филип Морис ТКП донира средства за нова опрема и реновирање на основното училиште Коле Неделковски од општина Центар со цел подобрување на условите за учење на децата и за работа на наставниот кадар. Замена на старите подови, нови врати, варосување на ѕидовите, реновирање на училишната библиотека, поставување ограда околу училишното игралиште, набавка на географски карти, смарт-табла, нови клупи и столчиња за првачињата, лаптопи и прожектори е само дел од проектот кој го финансира оваа компанија во износ од 60 илјади долари.

„Придонесот кон заедницата е исклучително важен за Филип Морис. Развивање и поддршка на проекти кои ќе донесат вистински и одржливи промени во општеството, особено подобрување на условите за образование се наш посебен фокус во Македонија. Обезбедувањето на средствата за реновирање и нова опрема на ова училиште кое со години остварува врвни резултати на сите државни натпревари, е во склоп со нашата, компаниска филозофија за вложување во образование и создавање еднакви можности за сите. Верувам дека ова е само првиот чекор кон многу позначајни промени понатаму“, изјави Михаел Солтер, Генерален директор на ФМТКП.

„Особено сме благодарни на компанијата Филип Морис за нивната донација со што значително ќе се подобрат условите за образование во нашето училиште затоа што станува збор за големо реновирање и тоа на суштински делови, кои често претставуваа потенцијална опасност. Ова е прв пат после долги години да се изврши вака обемно реновирање на училишната зграда. Тоа позитивно ќе влијае и на образовниот процес и на условите за работа на наставничкиот кадар“, изјави директорката на училиштето Светлана Масларевска.

Работите околу реновирањето, кое се реализира преку Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), започнаа на почетокот на овој месец и ќе бидат завршени до крајот на август, така што училиштето ќе ги отвори своите врати за децата во новата учебна година во сосема нови услови што ќе ги израдува и децата и родителите.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија