18 Ноември, 2017
0.3698
    ALK 7409.18    0.11%     KMB 2701    -0.03%     MPT 27782.13    -0.78%     STB 934.8    0.37%     TEL 272    -2.82%     TPLF 1656.25    -2.52%

Ученик истепал наставник во гостиварско Симница

Објавено во: Македонија 21 Април, 2017

Петнаесетгодишен ученик нападнал наставник во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во гостиварското село Симница и му нанел повреди на главата. 

Од СВР Тетово информираат дека настанот во полиција го пријавил вработен во училиштетото вчера утрото околу 8 часот.

„Петнаесетгодишен ученик од ова училиште физички го нападнал наставникот Ш.К.(62) од ова село. На нападот му претходела куса вербална расправија поради тоа што ученикот одбивал да влезе во училницата. Малолетникот се нафрлил на наставникот и почнал да го удира со клоци и тупаници по главата и телото, нанесувајќи му видливи повреди на левата страна од главата, односно расекотина и оток на челото“ -  изјави Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Вработен во училиштето го спречил малолетникот да го тепа наставникот, а повредениот наставник побарал лекарска  помош.

По пријавувањето на случајот, ученикот во присуство на родител е повикан во полициската станица во Гостивар каде е разговарано со него и по целосното расчистување на настанот  ќе се соочи со соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Дали Димитров очекува предлог од Нимиц?

Дали Димитров очекува предлог од Нимиц?

Kој е заменикот на Шилегов?

Kој е заменикот на Шилегов?

ИНТЕРВЈУ ВИЦЕ ЗАЕВ: Ни оддалеку не се споредувам со ликот и делата на Сашо Мијалков!

ИНТЕРВЈУ ВИЦЕ ЗАЕВ: Ни оддалеку не се споредувам со ликот и делата на Сашо Мијалков!

Има ли простор пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да бидат дел од парламентарното мнозинство?

Има ли простор пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да бидат дел од парламентарното мнозинство?

Димитров: Доколку Македонија се чувствува уценето, процесот ќе биде покомплициран

Димитров: Доколку Македонија се чувствува уценето, процесот ќе биде покомплициран

Дебата Клик Плус: Кој ќе го спасува македонското здравство?

Дебата Клик Плус: Кој ќе го спасува македонското здравство?

Александар Диневски вратен во затворот Идризово

Александар Диневски вратен во затворот Идризово

Алијансата за Албанците и БЕСА: Спасовски ги натера советниците во Гостивар да преминат на страна на губитниците

Алијансата за Албанците и БЕСА: Спасовски ги натера советниците во Гостивар да преминат на страна на губитниците

Груевски: Што се однесува до името, ние би можеле да имаме конструктивна улога

Груевски: Што се однесува до името, ние би можеле да имаме конструктивна улога