УЈП ја објави втората листа на должници годинава
Објавено во: Економија 17 Февруари, 2017
Управата за јавни приходи ја објави втората листа на должници за годинава.
Се работи за листа на должници за долгови доспеани до 31 октомври лани и неплатени до 31 јануари оваа година.
Долговите се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за должници за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На листата има повеќе од 4500 должници, дел физички лица, а остатокот се компании.