Украден камион со 34.000 литри хемикалии за производство на експлозиви
Објавено во: Свет 23 Јануари, 2018
Во Белгија е украден камион со 34.000 литри хемикалии за производство на експлозиви.
Лора Алонсо, шпанска новинарка, соопшти дека во камионот имало радиацид.
Се наведува дека Интерпол објавил предупредување и дека безбедносните сили ширум Европа се во состојба на подготвеност.
Медиумите објавија дека посебно биле предупредени полициските единици кои се распоредени на границите со Франција, Луксембург, Германија, Италија и Холандија.
Белгиската полиција верува дека крадците веќе ги замениле таблиците на камионот и дека имаат намера да ја напуштат земјата.