Добивај вести на Viber
За непочитување на задолженија за увоз на природен гас, Украина треба да и исплати на Русија седум
милијарди долари, објави Фајненшал тајмс.
Според весникот, Газпром им доставил во Киев официјална сметка уште во средината на минатата недела.
Рускиот гигант тврди дека Украина увезла од Русија помалку гас отколку што е предвидено со договорот. Тоа е непочитување на клаузулата „земај или плаќај“ вклучена во договорот од 2009 година, посочува весникот.
Според податоци на Фајненшал тајмс, украинската компанија Нафтогаз Украина нема намера да ја плаќа побараната сума и планира случајот да го даде на меѓународна арбитража.