Добивај вести на Viber
Инвестиции во областа на туризмот, земјоделството, производствени дејности, особено во машинската индустрија, рударството, градежништвото и енергетиката се најинтересни за украинските стопанственици од Дњепропетровск.
Доњецк и Дњепропетровск се двете најразвиени економии во Украина. За ова говори и фактот што за само десет месеци од минатата година, Дњепропетровск, оствари трговски суфицит од три милијарди долари, што укажува на високата развиеност на овој регион во индустријата.
Министерството за финансии, владината делeгација, во чиј состав се и министерот без ресор за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо денеска имаше средба и со губернаторот на Дњепропетровск и неговиот економски тим.
На средбата е истакната важноста од зголемување на економската соработка.
Македонскиот владин тим вчера ги презентира можностите за инвестиции во Македонија пред голем број бизнисмени од Стопанската Комора на Киев. Вицепремиерот Ставрески оствари и средба со заменик министерот за економија на Украина.