17 Декември, 2017
0.4649
    ALK 7304.71    0%     CEVI 1144    0%     GRNT 762.38    0.86%     KJUBI 1400    0%     KMB 2700    0.01%     OHB 4767.86    -0.67%     RMDEN15 95.1    0.11%     RZUS 107.89    1.78%     STB 910    -1.09%     STIL 127    -2.31%     TNB 13100    0%     TPLF 1500    -1.69%     UNI 1870    -1.03%     ZILU 151    -2.58%

Уметници, оплотувајте, не разнебитувајте

Објавено во: Колумни 06 Декември, 2017

Очекувајќи го Годо-брилијантното дело на Семјуел Бекет, или Носорог-врвен дострел на Ежен Јонеску, двајца генијални автори кои ги спојува еден посебен уметнички дискурс-театар на апсурдот. И во нивните дела како ништо да не се случува, а всушност длабоко навлегувајќи се надѕира шокот, апсурдот на живеењето, бесмислата на постоењето. Секој вљубеник во театарската уметност ги голтал преставите во матичните театри, и тоа не само на овие драмски великани, на многу други, признати и познати, домашни и светски, мајстори на театарската уметност. Не случајно ги споменав, бидејќи она што деновиве се случуваше во еден од театрите во нашата ни мила Македонија, потсетува на гореспоменатите претстави.

  Едно од клучните прашања и  една од клучните дилеми кои се поле на дебата меѓу културолозите, социолозите, уметниците и сите оние интелектуалци кои во својот научен и животен опус ја обликуваат или почитуваат културата, се однесува  на улогата на уметникот во современото општество. Размислите одат во неколку насоки и тоа, за едни клучна улога на делот од ументичката и културна елита е да биде постојан критичар на постојните културни текови, бидејќи само на тој начин уметноста и културата ќе успеат да одолеат на предизвикот наречен цензура и политичка обоеност. За други пак тој дел од интелегенцијата треба во континуитет да твори и на тој начин да помогне да се етаблира она што е добро од страна на политичката елита. Трети сметаат дека врвните уметници и културни дејци треба да бидат неутрални, надвор од актуелните општествени текови, и на тој начин да немаат посебно влијание во постојното културно и општествено миље. Но колку и размислите да се различни, во едно сите се согласуваат, улогата на уметникот е културно да оплотува и надградува и да му овозможи на рецепиентот да ужива во неговите уметнички и културни перформанси, и секако, да го натера на мисла и размисла за претставата или за содржината на истата и таа да биде предмет на дебата во иднина.

  А што ни се случува нам, уметници, театарски глумци, наместо да оплотуваат и развиваат, почнаа да политизират и разнебитуваат. Простете ми, можеби прејако звуци, но еден уметник, кој живее на даските што живот значат, и кој го љуби театарот на еден посебен и само нему својствен начин, треба во секое време и во секоја ситуација да ја стави уметноста на преден план, а личните и егоистични чувства и размисли да ги стави во втор план. Негова прва задача е да го долови уметничкиот дискурс на еден посебен и суптилен начин, да го добре културното суштествување во секој еден човек, да го натера секој уметникољубец да ја впие содржината на претставата кој се игра на пиедесталот, да ги разбуди заспаните уметнички души, да ги вдахнови чувствата на обичниот гледач, кој потем долго во ноќта ќе ја парафразира анализира целата претстава,  а не само беневолентно да посматра и да се однесува во духот на диктаторскиот и уценувачки политички манир.

  За жал уметниците, посебно оние кои во името на некоја поддрша на свој колега и знак на револт, откажаа претстава и без трунка уметнички страв и страм, само ладно им соопштија на гледачите дека едноставно претставата се откажува. А салата полна, вљубениците на театарот гладни за уметност со посебен жар го чекаа почетокот на претставата, но за жал одма го дочекаа и крајот. Сите тие лица беа дојдени културно да се надградат, да избегаат барем за миг од секојдневните обврски кои ги надвјасале, ги донеле своите деца и внуци на претстава, некои за прв пат, и со посебна драматуршка возбуда го чекаа почетокот на претставата, но што дочекаа. Бледо извини, бојкот на врвни умтници, кои под плаштот на солидарност за нивен колега, кој потем има  кривична одговорност за мрачни настани од блиското минато, не згазнаа на штиците што живот значат за да бидат докрај професионални и да ги надминат суетите и личните политички мотиви, не ја видоа или не сакаа да ја видат  повисоката цел и ги оставија гледачите немо, без громогласен аплауз, во една траорна атмосфера, да бидат неми сведоци на една поинаква целна уметност.

  Ниско, многу ниско, за великани од тој ков, многу мизерно однесување, вие уметници и културни дејци, кои се колнете во светоста на уметноста и културата, вие кои го мразите шундот и кичот и настојувате преку вашето однесување и претстави кои ги играте да покажате и докажете дека убоста на културата се дистанцира од секаков шунд и кич, да покажете и докажете дека уметноста постои само зариди уметноста, и во духот на ларпурлартизмот, да се однесувате во склад со уметничките и културни вредности. А вие што сторивте, го згазивте сето тоа што претходно сте го стекнале, сета почит и од фелата и од секој човек ја загубивте, го урнисавте митот за величината на уметникот. Секое извинување потоа и одбрана на ставот дека друга ви била целта не држи и со таквиот однос го згазивте и достоинството и кредибилитетот на уметникот.

  И уште многу прашања имам да ви поставам ВАМ, почитувани актери,  кои не ги испочитувавте гледачите и им ја ускративте можноста за нивно сладострастие и уживање во една драмска претстава, но ќе ве прашам, без тронка страм, каде бевте јавно да проговорите кога ваша колешка бараше гумени куршуми за деца, за студенти, каде бевте кога ваши колеги протстираа за туѓи интереси, а против интересите на вашата фела, каде бевте кога истиот колега, за кој сега лиете солзи крокодилски, повикуваше на насилство и разнебитување....Тогаш по линија на помал отпор и не сакајќи да се замерите со вождот, молчешкум прифаќавте се и бевте неми сведоци на урнисувањето на духовната култура и уметност. А гледам молчите и за фушерајот во новите ваши уметнички домови, не ве видов да се потресете што новиот театар прокиснува и се уништува, не ве видов да воскликнете доста со Скопје 2014 и сиот кич кој се пласираше, не тогаш бевте во глувчешка дупка.

  П.с. Една поговорка вели-кој јадел маст ќе јаде и стап, па така и вие и воопшто не ве жалам, макар и да бидам обвинета дека сум не демократ бидејќи поддржувам казни, но јас првенствено сум научник, а во психологијата на врвот е учењето за награда и казна, или пластифицирано, за добро сторено дело се сноси награда, а за лошо следува казна, тоа е дел од процесот на животно учење.

Проф. Д-р Татјана Стојаноска Иванова

Институт за социологија

Филозофски факултет-Скопје


Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ги затопли американско-руските односи, Северна Кореја или Сирија?

Кој ќе ги затопли американско-руските односи, Северна Кореја или Сирија?

ВМРО-ДПМНЕ влезе во опозициски „филм“ дека се бори со режим

ВМРО-ДПМНЕ влезе во опозициски „филм“ дека се бори со режим

Огласите за работни места треба да се рамноправни, а не награда за партиска лојалност

Огласите за работни места треба да се рамноправни, а не награда за партиска лојалност

Гноиво од кое расте сето зло

Гноиво од кое расте сето зло

МОЌТА НА РАМНОСТРАНИОТ ТРИАГОЛНИК

МОЌТА НА РАМНОСТРАНИОТ ТРИАГОЛНИК

Пи-ар експертите не се пропагaндисти и манипулатори

Пи-ар експертите не се пропагaндисти и манипулатори

Партијата не е државата

Партијата не е државата

Путин,Путин...уште шест години!

Путин,Путин...уште шест години!