Добивај вести на Viber
Кога во октомври минатата година САД престана да донира финансиски средства во касата на УНЕСКО, предизвика голем шок. Оттогаш во оваа глобална организација, недостасуваат повеќе од 22 отсто од претходната месечна заработка. До крајот на годината САД требало да уплати околу 72.000.000 $. Според експертите УНЕСКО овој недостаток и понатаму ќе продолжи да го чувствува, без оглед на фактот дека Саудиска Арабија и Норвешка уплатија дополнителни 20.000.000 $ во посебен фонд за итни случаи. Сепак во касата на УНЕСКО веќе недостасуваат 144.000.000 $", пишува Дојче Веле повикувајки се на податоците од анализа на финансиското работење, додавајќи дека милиони долари сега се водат за исчезнати, а загубата може да се почувствува во речиси сите области. Особено голема штета е нанесена во спроведувањето на образовните програми.