Уникатна монета од 2 евра има огромна колекционерска вредност
Објавено во: Економија 13 Јануари, 2017
Колекционерите на ретки монети пројавија голем интерес за специфичната монета од 2 евра на која е изгравиран ликот на Грејс Кели принцезата Монако, а е издадена во 2007-ма.
Зошто токму оваа монета го привлекува нивното внимание засега нема прецизен одговор, но се смета дека поради нејзината ограничена серија од само 20.001 кованица е доволна причина да вреди многу на нумизматичкиот пазар, па ако случајно ја пронајдете може да ја продадете за многу повеќе.