Упасена група која планирала напади на џамии и муслимански политичари
Објавено во: Свет 17 Октомври, 2017
Упасена е група која планирала да врши напади на џамии и муслимански политичари во Франција.
Десет лица се уапсени денеска на југоистокот од Франција во Марсеј и во Сен Дени во Париз под сомнение за планирање убиства на политичари, објави AFP повикувајќи се на неименуван извор близок до истрагата.
Антитерористичката полиција уапсила осомничени лица на возраст од 17 до 25 години, а во контекст на истрагите за екстремно-десничарските активисти, изјавил извор за органите безбедност.
„Мозок“ на групата бил Логан Александар Нисин(21) кој на 28 јуни е уапсен во Тараскон.Тој бил поврзан со криминални и терористички групи. Од ноември 2015 година Франција е во вонредна состојба. Тогаш во напади во Париз загинаа 130 луѓе.