29 Март, 2024
0.0291

УПРАВЕН СУД НА ТЕСТ: Колку решенијата за приговори може да влијаат на изборниот резултат?

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Имајќи го предвид искуството од минатото кога Управниот суд донесе низа контроверзни одлуки кои ја загрозија регуларноста на изборниот процес, голем дел од јавноста е песимист кога се работи за објективно оценување од страна на оваа установа.

Токму во овој суд Специјалното јавно обвинителство води истраги протиВ пет судии, а експертите се скептични и посочуваат дека повеќе од веројатно е дека решенијата кои ќе ги донесе овој суд нема да влијаат на исходот на изборниот резултат.

Пред речиси два месеци во јавноста проструи информација дека пет судии биле на распит кај Катица Јанева поради одлуки од локалните избори пред три години, кога беа прифатени 32 тужби од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Тогаш претседателот на судот Исамедин Лимани, си поднесе оставка. 

Во мометов претседател на Управниот суд е Јетмире Ајдини Бошњаку.

Како што може да се забележи од податоците кои се достапни на страната на веб сајтот на Судот, Ајдини Бошњаку има искуство зад себе , а за претседател е избрана пред три години.

Од 2003 - 2007 година била асистент на Државниот Универзитет во Тетово а од 2004 - 2008 година била и адвокат во адвокатска канцеларија во Гостивар.

Како судија во Основниот суд Скопје 1 доаѓа во 2008, откако после три години преминува во Апелационен суд Скопје и две години подоцна е избрана за Претседател на Управен суд Скопје.

Управниот суд сега е ставен на тест. Јавноста ќе го следи неговото постапување во однос на приговорите.

Засега е познато дека движењето БЕСА нема да поднесува приговори. Причината како што информираа од оваа партија е сомнението дека однапред ќе им бидат одбиени приговорите.

„Органите на партијата оценија да не поднесат тужби до Управниот суд бидејќи се сомневаат во неговата независност и однапред ја знаат неговата одлука, изјави вчера портпаролот на Беса, Орган Муртезани.

Државната изборна комисијата на движењето Беса му прифати само еден приговор и го поништи гласањето на едно избирачко место во Гостивар каде што друго лице се потпишало на местото на Фатиме Сулејмани, што беше констатирано и од официјален графолог.

СДСМ пак најави дека до Управниот суд ќе поднесе четири тужби.

Од партијата на Заев веруваат дека  се издржани а работата ДИК велат не одговорила на сериозната задача за целосна заштита на изборниот процес во делот на одлучувањето по приговорите. 

ВМРО ДПМНЕ пак најави дека ќе го обжали пред Управниот суд единствениот прифатен приговор од ДИК.

„Доколку Управниот суд подлегне на влијанијата од страна и ги донесе незаконските одлуки на ДИК и со тоа се одзеде победата на ВМРО-ДПМНЕ и се фалсификува слободно изразената волја на граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување“,изјави лидерот на партијата Никола Груевски.

Судот има 48 часа да се изјасни по поднесените приговори а ќе одлучуваат петтмина судии избрани по пат на ждрепка.

Дали ќе одлучуваат судиите кои СЈО ги сомничи за изборни нерегуларности останува да видиме, а доколку ви се потребни повеќе информации за судиите и нивната работа и искуство читајте на официјалната страна на Управен суд.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата