Ураганот Катја уби двајца луѓе во Мексиканскиот залив
Објавено во: Свет 09 Септември, 2017
Синоќа две лица загинале од ураганот Катја во Мексикански залив.
Ова денеска го соопшти гувернерот на мексиканската држава Веракруз, Мигел Анхел Јунес.
Тој додаде дека двете лица загинале при лизгање на земјиште, како и дека е зголемено нивото на водата во некои реки. Јунес кажа дека 2.886 лица се евакуирани од своите домови.
Министерството за внатрешни работи на соседната држава Пуебле превентивно евакуира 1.500 луѓе и ги смести во засолниште. Но, нема пријави за сериозна штета и жртви.
Ураганот Катја удри синоќа во источниот брег на Мексиканскиот Залив, а во меѓувреме ослабна при што има ветер со брзина од околу 70 километри на час.
Мексиканската Служба за вонредни ситуации се справува со последиците од вчерашните земјотреси, од кои најсилниот беше со интензитет 8,1 степени според Рихтеровата скала, кој во јужниот дел на земјата усмерти над 60 луѓе.
Читајте уште(ВИДЕО+ФОТО) ИРМА СТИГНА НА ФЛОРИДА: Луѓето бегаат, бензин нема, продавниците се празни(ВИДЕО) НОВИ ЖРТВИ НА ИРМА: Загинаа луѓе на Британските девствени острови