Ураганот Марија ја зафати Доминиканската Република, на ред се два острови
Објавено во: Свет 22 Септември, 2017
Ураганот Марија ја погоди и Доминиканската Република, при што во неколку нејзини области имаше обилни дождови и силни ветрови. Но, сепак ураганот беше помалку катастрофален отколку во другите делови на регионот.
Пунта Цана, многу позната туристичка дестинација во земјата, се соочуваше со силни ветрови и високи бранови. Марија, сега се движи кон островите Туркс и Каикос и југоисточниот дел на Бахамите, заканувајќи им се со големи бури. Кога го погоди Порторико, ураганот беше од четврта категорија и беше најмоќната бура која ја погоди оваа територија во изминативе 90 години, предизвикувајќи големи поплави и оставајќи го речиси целиот остров без струја.