Урнатиот авион во Киргистан не е на компанијата „Туркиш ерлајнс“
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2017
Авионот кој се урна во близина на селото Бишкек не е на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ како што пренесоа првично поголем дел од медиумите.
Карго лет со регистарски број TC-MCL, управуван од страна на ACT Airlines, полетал од Меѓународниот аеродром Хонг Конг и се урна близу селото Бишкек во Киргистан .
Од авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ во демант до медиумите посочуваат дека ниту авионот, ниту екипажот се членови на „Туркиш ерлајнс“.
Да потсетиме, во несреќата на товарниот авион загинаа 37 луѓе а првите резултати покажаа дека пилотска грешка е причина за несреќата.